
Вести
Избори 2020
Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието. Место каде наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец. Денес завршува оваа енергична и мотивирачка изборна кампања. Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.
На последниот ден од изборната кампања, кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец Насер Зибери изјави дека верува во поддршката на граѓаните.
– Првиот премиер Албанец е многу повеќе од симбол на еднаквост. За мене, оваа позиција е алатка за подобрување на животот на граѓаните. На сите граѓани – Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Власи, Срби и Роми. Тоа е алатка за достигнување на подобар живот за луѓето, за секој од нас. Тоа е алатка за еднаква правда и еднаква застапеност. Тоа е алатка за повеќе работни места и подобри плати. За подобар живот и подобра иднина – рече Зибери.
– Ќе предложам социјални пензии за сите жени кои немаат право на работна пензија. Ќе имплементирам политика на нула даноци за граѓани до 35 години, доколку започнат со својата прва работа или го основаат својот прв бизнис.
Ќе обезбедиме државни заеми од 20.000 евра за младите семејства да го купат својот прв дом и 20.000 евра државни грантови за млади земјоделци – истакна Зибери.
Тој најави ветинг за членовите на неговиот Кабинет, како и за сите политичари, судии, обвинители и државни службеници.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.