Како прв приоритет го издвоивме прашањето на соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план. Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата, истакна во своето гостување во емисијата Утрински Брифинг, Насер Зибери, кандидатот за премиер од ДУИ.
-Предвидуваме минимална плаа на медицинскиот кадар со средно образование да не биде под 600 евра. Да ги зајакнеме капацитетите на примарното здравство, за помал продор во секундарното и терцијалното здравство. Брза реалокација на средства од Буџетот. Во ребалансот освен ова мора да оди реалокација и во стопанството каде е најпотребно. Брзо враќање на ДДВ кај приватните оператори, да не се чека туку најкасно за 30 дена да им се вратат средствата. Предвидуваме Буџетот да ги алиментира сите барања на приватните оператори кон јавниот сектор.
Тој посочи дека Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство не смеат да се занемарат.
Овие се темел за напредокот на земјата и евентуалното враќање и повторно отворање на овие процеси би биле ретроградни и нема простор за преговори со овие прашања.Мора под итно да почна преговорите за состав на влада, да се најде заедничка платформа и да се создаде парламентарно мнозинство и да се увери претседателот на државата дека одредените политички субјекти може да бараат мандат. На овој план господинот Ахмети е особено посветен за изборните резултати да се валоризираат и земјата да добие институции кои ќе може да се носат со предизвиците. Секој од субјектите кои ќе се најдат во определбите кои ги напоменав, е добредојден. Сакаме да продолжи соработката за градење перспектива. Ние не исклучуваме ниту еден субјект.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.