Народниот правобранител

Објавил: Калина Мартинска | 10 декември, 2024 17:51

Зибери: Пораст на вработувањата од албанската заедница во 2023, споредено со 2022

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Забележан е пораст на вработувањата на луѓе од албанската етничка заедница во 2023 година, споредено со претходната 2022, извести денеска народниот правобранител, Насер Зибер. Сепак, севкупната бројка на вработени во јавниот сектор за минатата година е помала споредено со таа во 2022-ра. За разлика од албанската заедница, масовното вработување не е случај со другите помали етнички заедници во Македонија.

Во многу институции при вработувањето се уште има дискриминација по етничка основа, констатирал народниот правобранител, Насер Зибери согласно посебниот извештај за 2023 година, кој се однесува на следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор.

Извештајот покажал дека бројот на институции се зголемува, а бројот на вработени во јавната администрација се намалува. Во годинава што изминува се отвориле 10 нови институции и нивниот број сега изнесува 1335., а бројот на вработените во јавната администрација се намалил за речиси 2.500 лица.

Народниот правобранител исто така упати апел кон институциите – да го почитуваат правото на правична застапеност, како основен уставен постулат, без оглед на укинувањето на алатката Балансер.

Зибери верува дека во најбрз можен рок ќе се донесе ново законско решение притоа запазувајќи ги принципите на стручност и компетентност, односно запазувајќи го мерит системот.

Народниот правобранител исто така имаше забелешки во однос на вработувањата по етничка застапеност во МАНУ, МЕПСО и ЈП . Тој кажа дека од 91 вработен во МАНУ, 90 се Македонци, а само еден Албанец и ниту еден од друга етничка заедница. Во МЕПСО и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор етничката застапеност, како што кажа е крајно непочитувана и таа е под 10 отсто, односно само 6 отсто на албанската етничка заедница, а под 1 отсто турската етничка заедница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.