Реал Мадрид го започнува своето учество во шампионатот оваа сабота со гостување кај Селта Виго.

Објавил: Перо Милчин | 14 август, 2019 18:55

ЗИДАН ЌЕ МУ КАЖЕ ЗБОГУМ НА РЕАЛ МАДРИД!

Фото/Текст извор: ©независен

Зинедин Зидан многу сериозно размислува за заминување од Реал Мадрид, доколку клубот не успее да го донесе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во Мадрид ова лето.

Францускиот стратег ги напушти „Лос Бланкос“ минатото лето и беше повторно назначен, откако Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари не успеаја во обидот да го направат „белиот балет“ силен тим по три освоени трофеи по ред во Лигата на шампионите.

Повторниот договор помеѓу Зизу и Флорентино Перез се должи на тоа дека шефот ветил силен трансфер прозорец, при што Пол Погба бил најважниот играч што треба да го привлече. Во овој момент, ваква разврска се чини скоро невозможна, бидејќи Манчестер Јунајтед веќе не може да најде негова замена, иако може да го продаде својот играч од средниот ред.

Шпанскиот новинар Диего Торес ја објави оваа вест за Погба. Во исто време, престојот на Герет Бејл на Бернабеу, исто така, дотура дополнително „масло на оганот“ за Зидан и неговата долгогодишна иднина во клубот.

– Не доаѓањето на Пол Погба го става Зидан во позиција да сака да го напушти Реал Мадрид. На прелиминарните средби со претседателот на клубот, му беше ветено дека ќе го привлече Погба во текот на летото, а тоа уште не се случува. Ова само го отвора јазот уште повеќе заради недовербата меѓу Зидан и Флорентино Перез. За Зизу, неговиот проект со Погба е сосема различен. Ова е причината поради која тој се врати во Реал Мадрид толку брзо по неговото заминување минатата година. Сегашната ситуација сепак во голема мерка ги зголемува неговите шанси повторно да го напушти Мадрид, призна Диего Торес за локалните медиуми.

Реал Мадрид го започнува своето учество во шампионатот оваа сабота со гостување кај Селта Виго.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Кои се следните планови на Бастијан не е познато, ама има информации дека можеби ќе добие одредена улога во германската фудбалска федерација, меѓутоа тоа допрва треба да биде потврдено.

ЛЕГЕНДО, ФАЛА ТИ ЗА СЕ: Бастијан Швајнштајгер замина во пензија!

Поранешниот германскиот репрезентативец, Себастијан Швајнштајгер одлучи да и стави...

„Граѓаните“ влегоа во историјата на натпреварувањето како први што успеале да постигнат пет гола во само 19 минути.

Манчестер Сити му даде пет гола на Вотфорд: За 18 минути ја испиша историјата во фудбалот(ВИДЕО)

Манчестер сити го победи Вотфорд со 8:0 на стадионот „Етихад“ во рамки на шестото коло...

Поради овој натпревар, симпатизерот на „црвено-белите“ Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот на омилениот клуб.

Српската легенда Новак Ѓоковиќ помести тренинг за да ја гледа ЦРВЕНА ЗВЕЗДА!

Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот...

По 6 неделната терапија, херојот Синиша Михајловиќ денеска беше пуштен од болница и веднаш се упати кон стадионот на кој сосема очекувано, доби огромна поддршка.

ЛИЦЕТО НА ХЕРОЈОТ: Синиша Михајловиќ во солзи се врати на клупата на Болоња!

Синиша Михајловиќ вечерва се појави на клупата на Болоња, за да биде дел од премиерниот...