Промена на времето!

Објавил: Стојче Бушин | 21 март, 2020 7:09

ЗИМАТА СЕ ВРАЌА: Очекувана снежна покривка во земјава до 25 март

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и релативно топло. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 20 степени. И утре ќе се задржи претежно стабилно, суво и топло време, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во недела ќе имаме зголемување на облачноста и особено попладне и навечер, на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд. Ќе има услови и за поретка појава на грмежи, а ветерот од северен правец ќе започне да се засилува, односно особено на север и Долж Повардарието повремено ќе биде и СИЛЕН.

Од понеделник температурите на воздухот ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (за околу 10 степени, а понекаде и за повеќе).

Токму поради ова на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег но ќе бидат послаби и локални. Услови за послабо провејување на снег ќе има понекаде и на пониските места.

Напомена: Брзата и ГОЛЕМА промена на времето МНОГУ НЕПОВОЛНО ќе влијае, особено врз метеопатите каде се можни и поголеми здравствени проблеми.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.

ВИКЕНД МЕТЕО: Врнежи од дожд, од понеделник промена на времето!

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени...

Веќе од понеделник ќе имаме многу повеќе сонце а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ: Временска прогноза за земјава!

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со умерена локална облачност. Во попладневните...

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако повремено има услови и за врнежи од дожд и снег

СНЕГ И ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза!

Нашата територија до крајот на денов ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност....