Живот
Рецепти
Јаболката се многу корисни за добар сон исто така против хроничен умор на телото,висок притисок,вртоглавица,главоболка,болест на грло,проширени вени и уште многу други болести.
Овој плод содржи: Вода, шеќер, витамини А И Б и Ц и органска киселина.
Свежите јаболка содржат повеќе количини витамини кои во организмот апсорбираат вода и отрови, па затоа стручњаците препорачуваат еден ден во месецот да јадете само јаболка или пиете сок од јаболка, и на тој начин ќе ги исфрлите сите отрови, кои се собираат од консумирањето на намирниците од животинско потекло.

Јаболката се исто така важни и за негата на забите, а исто така се добро средство за одржување на телесната тежина. Во текот на претстојнава зима ќе ви откриеме еден рецепт како да направите сок од јаболка и исто така можете да додадете и моркови. На тој начин ќе го заштитите имуниот систем и вашиот организам ќе биде отпорен на секакви болести.
Состојки:
3 кг јаболка
1 кг моркови
1 кг шеќер
4 кеси лимонтус
Начин на подготовка:
Јаболката се мијат и лупат, се сецкаат, се ставаат во вода и се оставаат да вријат додека не омекнат, а истата постапка потоа се прави и со морковите.Потоа се ставаат заедно во блендер и се додава шеќерот, лимонтусот, како и малку вода.Се става во шише и се пие.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.