Боки 13 е само маска, вешто употребена од СДСМ и Русковска. Всушност, Режимусковска е вистинско презиме за неа, затоа што е во служба на секој режим!

Објавил: Перо Милчин | 22 јули, 2019 10:32

ЗЛАТЕВ: „Боки 13“е совршен профил за АЛИБИ-КРИМИНАЛЕЦ, алчен да влезе во КРИМИНАЛНА ШЕМА!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Кариерата на Вилма Русковска е кариера на обвинител подобен за секоја власт. Во изминатите триесетина години оваа обвинителка се има покажано како сервилен правосуден кадар на секој оној кој во земјава сака себеси да се исталира како деспот. Од прегратките на Сашо Мијалков, чија омилена обвинителка некогаш беше, Русковска заврши директно во прегратките на Зоран Заев кој сега ни ја предлага како нов првенец во борбата против високата корупција.

Бојан Јовановски, во јавноста познат како „Боки 13“, е совршен профил за алиби-криминалец. Боки е доволно алчен да влезе во криминална шема во која има многу пари, но, во исто време е доволно ексцентричен за целата вина во очите на јавноста да ја насочи само кон себе за нарачателите да не одговараат. Во случајот „Рекет“ тој во моментов е прво-осомничен, иако ниту еден факт не говори дека тој треба да биде на оваа позиција.

Контроверзниот кросдресер Боки 13, без поддршка директно од врвот (на Илинденска), не би можел да наплати ниту денар, а не оние фрапантни суми. Па добро, кој е тој кој ќе му даде на Боки онолку пари без да знае дека позади него не стои некој многу поголем?

Имено, Вилма Русковска, обвинителката која го води случајот – јавно кажа дека на една од снимките во која се бара рекет од Орце Камчев се слуша како пред сведокот и осомничените на „спикер“ зборува Катица Јанева. Ова говори дека токму шефицата на СЈО е глава на овој криминал и дека Бојан Јовановски и Зоран Милески само одработуваат за неа. Впрочем, токму Јанева беше онаа која потпиша Камчев да се ослободи од домашен притвор и да му се врати пасошот откако тој платил рекет.

Ова се доволни индиции Јанева да заврши во притвор како прво-осомничена во случајот „Рекет“, но и покрај тоа таа сеуште се шета на слобода и како што некои јавуваат, си крка слатки во „Палма“. Да биде иронијата уште поголема, обвинителката која го ослободи Камчев не е ни официјално осомничена, па од МВР ни велат дека нема потреба да знаат каде се наоѓа и дали ја напуштила државава.

Одиме понатаму. Камчев не е единствениот кој бил рекетиран од оваа група. Веќе се објавени и десетици други примери во кои за огромни суми, кои кумулативно надминуваат и 15 милиони евра, биле рекетирани многу други бизнисмени во земјава. Во неколку од тие случаи партнери на Боки 13 биле високи функционери на СДСМ од позиција генерален секретар и потпретседател. Никој, ама буквално никој, не може да ме убеди дека овие изнуди не се правеле без знаење на премиерот Зоран Заев. Едноставно, невозможно е генсек и потпретседател да рекетираат без тоа да го нарача претседателот.

Постојат сериозни индиции дека со овие изнудени пари била финансирана кампањата на претседателот Стево Пендаровски, ама за тоа во друга прилика (можеби и со аудио).

Ова значи дека Заев и Јанева заедно со фамозните Кики и Фрики – би требало да бидат прво, второ, трето и четврто осомничени во ова злосторничко здружување – а Јовановски и Милески доаѓаат дури на петата и шестата позиција. Сепак, обвинителката Русковска наместо да ги земе овие работи во предвид и понатаму водата ја води кон Боки 13, наместо кон врвот на октоподот, нормално, со вешто смислена намера одговорноста да ја пренасочи само кон веќе одамна омразениот Боки 13.

Како аргумент во прикривањето, главата на злосторничкото здружување го посочува фактот дека токму премиерот Заев го пријавил рекетот кај Русковска. Ова не соодветствува со првичната верзија која беше претставена токму од обвинителката која прво кажа дека кај неа случајот го пријавил рекетираниот бизнисмен, за по изјавата на Заев да го смени своето тврдење и да каже дека Заев бил пријавувачот.

Само еден ден по изјавите, Заев ја награди Русковска со тоа што ја предложи да го води новото „СЈО“ кое сега ќе било дел од регуларното обвинителство како оделение за висока корупција. Заев сега очекува опозицијата да биде доволно глупава и да ја прифати неговата обвинителка миленичка која случајот „27 април“ на општо изненадување на сите правници со два грама мозок го класифицираше како „тероризам“. Попатно, за „27 април“, Русковска и покрај цврстите аргументи не го обвини својот некогашен „шеф“ Сашо Мијалков, иако, на сите ни е јасно дека тој беше мозокот на упадот во собранието.
Благодарение на Русковска во затвор лежат искрени и изманипулирани патриоти, додека вистинските виновници за настаните, во „Мериот“ садат тикви со фамилијата Заеви. Благодарение на тие тикви, државата сега ни се вика Северна Македонија.

Кариерата на Вилма Русковска е кариера на обвинител подобен за секоја власт. Во изминатите триесетина години оваа обвинителка се има покажано како сервилен правосуден кадар на секој оној кој во земјава сака себеси да се исталира како деспот.

Од прегратките на Сашо Мијалков, чија омилена обвинителка некогаш беше, Русковска заврши директно во прегратките на Зоран Заев. Некогаш таа ги водеше политички-монтираните случаи на претходната власт (Змиско око, Детонатор итн.), за сега да ги води процесите од ист карактер на актуелната.
Русковска доаѓа директно од црвената-буржоазија, ќерка е на висок функционер на некогашната комунистичка партија.

Можеби од таму извира оваа сервилност кон секоја власт. Во исто време, за случајот „Рекет“ нема ни законска надлежност, затоа што постои конфликт на интереси. Во еден од рекетарските подвизи, сведок е нејзин братучед кој сега е во оставка од својата позиција во 1 ТВ. Дајте немојте да ја правите херој. Одработува, јасно се гледа дека одработува.

Јасно е дека СЈО се затвора, процесов се води и се останато се прави за да се спаси партијата која лапнала над 10 милиони евра, а во исто време во затвор да легнат оние кои за рекетот кој го правеле немаат поделено ни по 500.000 евра! Боки 13 е само маска, вешто употребена од СДСМ и Русковска.
Всушност, Режимусковска е вистинско презиме за неа, затоа што е во служба на секој режим!

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Неофицијално дознавам дека има луѓе во Собранието, од владејачкото мнозинство, кои се со намера законот итно да го вратат во Владата.

Решавај ти Европо за датумот, важно ние да си донесеме закон за дроги – и тоа со европско знаменце!

Ја знаете онаа народната – село гори, баба се чешла? Е нашава баба баш и не се чешла,...

И, тука би ја затвориле историската читанка и потсетување на чистите факти. Заклучок е дека за државата Македонија се бореле, заедно, и комунисти, и социјалисти и вмровци

ЛАТАС: “ЗОРАН ЗАЕВ со пенкало, избриша сопствена нација, историја и држава”

Еве, деновиве вадиме десет месеци од погребувањето на Македонија, на 11 јануари со колективно...

Лично мислам дека тука нема прекршување на законот, но таа нејзина одлука е неетична и е во духот на „началникувањето“ во политиката, феномен против кое заеднички се бунтувавме.

Геровски: „Началничке“, те послуша ли Фатмир?

Разбирам зошто Радмила Шеќеринска во 2013 година имала потреба да инсистира членовите...