ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот и ќе остане со него на улица се додека властите не ги чујат барањата на граѓаните, заврши Златев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 10:22

Златев: ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот и ќе остане на улица додека не се чујат барањата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот и главен и одговорен уредник на порталот Економски Лидер, Љупче Златев во гостувањето во Само Вистина, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, е партија која е заедно со народот, и оди на протести за како што вели да се намали теророт од страна на властите.

-СДСМ во минатото протестираше за се и сешто, за работи кои во моментот ниту биле за протест, ниту некому нешто пречело, туку едноставно се чекало момент да се направи настан со кој ќе се привлече внимание. А сега кога ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот во борбата против покачувањето на цената на струјата, протестите се нелегитимни и им пречат на партиите на власт. Поради правењето на терор од страна на властите, преку поскапувањето на струјата, се осиромашува народот кој и онака едвај врзува крај со крај. Протестите за намалување на цената на струјата не смее да се гледа како национализам, туку како борба за правата на граѓаните и намалување на енормната цена на струјата, додаде Златев.

Златев се врати наназад во времето кога Шарена револуција протестираше со денови. 

-Шарената револуција протестираше со денови и уништувајќи голем дел од јавни институции, јавни објекти, пропагираше некакви вредности кои после изминатите неколку години се испоставија како инструменти за устоличување на власт, а потоа пуштање низ вода на сите учесници. ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот и ќе остане со него на улица се додека властите не ги чујат барањата на граѓаните, заврши Златев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...

Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден вчера на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во тек подготовките за изборите, од понеделник почнува изборната кампања

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните...

Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди, вели професорот и архитект Мишко Ралев.

ОЈО: НАЛОГ ЗА ГАРДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената модуларна болница во...