Македонија
Фејсбук
Откако денес Основното јавно обвинителство објави дека ќе поднесе обвинение против новинарот Љупчо Златев затоа што објавил злоупотреба во Управата за безбедност и контраразознавање, се огласи и тој преку социјалните мрежи.
„ЗА ПРАВДАТА И ЗА МАКЕДОНИЈА МОЖЕТЕ СЛОБОДНО ДА МЕ СТАВИТЕ ВО ЗАТВОР!
Јас објавив дека само поради тоа што еден татко одел на протести против промената на името, синот изгубил безбедносен сертификат и поради тоа изгубил можност да работи во Агенцијата за национална безбедност.
Оваа конструкција на УБК е класичен удар кон политичките слободи на граѓаните, огромен ЈАВЕН ИНТЕРЕС и поради тоа ги објавив документите кои ми ги достави свиркач. Доколку сега добијам слични документи, без да размислувам ќе ги објавам!!! Делото можам да го повторам веднаш, бидејќи слободата и демократијата ми се поважни од било која уредба!
Златев вели дека нема да се откаже и правдата ќе ја бара ако треба и во Стразбур!
Независно дали злосторникот Заев ќе ми ги прати насилниците на неговиот партнер Сашо Мијалков или ќе ми ги прати обвинителите – јас за она во што верувам подготвен сум ако е потребно и да стојам сам. Правдата ќе ја барам, ако треба и до Стразбур, ако треба и од затвор ќе се борам против ова тоталитарно зло!
Секоја борба, ако е единствено само за правда, правдина, права и вистина е оправдана. Затоа и жртвите се оправдани. Знај, ако си на страна на вистината, без задни намери – венецот ќе го добиеш“-напиша тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Фејсбук
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.