Павле, не е крај на светот. Многу јавни личности заглавиле на таа ѓаволска дрога, па успеале да се излечат.

Објавил: Сара Фемина | 23 мај, 2019 20:32

Златев повторно удри на Богоевски: “Браво Павле, сега е време да си помогнеш со лечење„

Фото/Текст извор: ©lider

Притиснат од жестоките реакции на јавноста, две недели по објавувањето на телефонскиот разговор во кој тој порачува дрога, претпладнево, пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата народен пратеник.

Неговиот потег е за поздрав, но, она што иритира е тоа што Богоевски и понатаму тврди дека порачувал „масло од канабис“ и обидот за анулирање на фактот што сите јасно го утврдивме преку жаргонот кој го користи – фактот дека тој порачува половина грам кокаин.

За да ни го докаже спротивното, Богоевски можеше да направи дрога тест на примерок од коса (што враќа 6 месеци наназад) и јавно да не замолкнеше докажувајќи дека тој никогаш не користел кокаин.
Во исто време, како што веќе се шпекулира од неговата околина, тој сега ќе се обидувал преку примерок од крв или урина (каде што кокаинот останува 12 дена), да ни докажува дека не е наркоман.
Значи, иако е за поздрав, оставката е само уште една мудрорија смислена во кујните на власта со која треба да се испере Павле за и понатаму да биде користен во пропагандни цели.
Иако лично не го познавам, би сакал јавно преку оваа колумна на Богоевски да му порачам да го прекине кругот на лаги и прво пред своите најблиски а потоа и пред стручните лица да признае дека е зависник од кокаин.
Павле, не е крај на светот. Многу јавни личности заглавиле на таа ѓаволска дрога, па успеале да се излечат. Постојат методи, лекари, постојат цели институции во нашата земја кои постојано лекуваат луѓе од зависност од дрога. Денеска се повлече, од утре е време да се средиш – посегни и побарај помош.

Не е срамота, млад си, животот е пред тебе и од овој пекол можеш да излезеш многу посилен.
Еве, можеби сега ги надмудри сите и твојата оставка ја поврза со Груевски, но човеку, време е да почнеш малку да размислуваш надвор од „надворешната перцепција“. Време е да почнеш да размислуваш за себе, треба да формираш семејство, треба да воспитуваш деца. Само преку лечење од оваа зависност, ти можеш да си помогнеш. Можеш да и помогнеш и на целата нација, кога еден ден ќе излезеш јавно и ќе сведочиш за пеколот низ кој си поминувал поради оваа супстанција.
За крај, преку оставката на Павле успеавме да видиме дека еден таксист, успеа да сруши еден пратеник!

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Но, фер е да се каже дека во тие години, на некој начин, водев и „двоен живот“. Во гимназиските денови цел еден четиригодишен мандат бев секретар на младинската организација на општината Карпош.

Героски ја отвори душата: Можев да станам космонаут, ама не сакав

Роден сум во 1962 година во Гостивар, Македонија. Датумот на моето раѓање, 2 февруари,...

Героски, од кого почна пишувањето за Рекет, по консултации со правни експерти бара замрзнување на сите предмети кои ги водело СЈО.

„СЈО ќе остане запаметено како Голи Оток на генералот Капичиќ кого го славеа како Катица пред два месеци„

Да, се согласувам дека нема правда во обвинителствата и судовите но, дочекавме космичка...

Дека во кругот околу премиерот се случува тотален хаос знаеме уште од мај годинава.

Момироски: Зошто за нападите на владините медиумски јуришници врз Героски молчат Роберт Поповски и Ордановски

Слонот во македонската стаклена продавница лоцирана на улицата Илинденска но и на...