Денеска македонските претставници на хокејот беа на прием кај директорот Каевски,кој го искажа своето воодушевување за златниот пехар кој и припадна на Македонија.

Објавил: Сара Фемина | 26 ноември, 2018 18:15

Златните хокеари на прием кај директорот на АМС Дарко Каевски

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска директорот за млади и спорт Дарко Каевски за престставниците на Хокеарската федерација на Македонија организираше прием на чело со претседателот Никола Тасев,во чест на освојувањето на Дебелопмент куп кој се одржа од 19/21 Ноември во Финсен,Германија.

Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.

Во новото натпреварување кое се одржа втора година по ред, Македонската репрезентација се најде во група со Андора, Ирска и Португалија. На овој турнир учествуваат земји кои го развиваат хокејот и имаат шанса да разменат мислења околу подобрување на условите, инфраструктурата и слично.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за претставниците на Хокејарска федерација на Македонија, на чело со претседателот Никола Тасев.

Во мечот за бронзениот медал на турнирот организиран од Светска федерација за хокеј на мраз (ИИХФ) Ирска беше подобра од Андора со 8:7.

Најдобрите македонски хокеари ги добија сите пет натпревари, при што во групната фаза ги совладаа Ирска со 9:6, Андора со 9:4 и Португалија со 5:4, а во полуфиналето славеа против Андора со 6:3, а во финалето ја декласира Португалија со 9:3..

„Денес имав прилика да сретнам со претставници од Хокејарската федерација на Македонија, како и со дел од тимот кој го освои “Девелопмент куп”, натпреварување кое се одржа втора година по ред. Најдобрите македонски хокеари ги добија сите пет натпревари, при што во групната фаза ги совладаа Ирска, Андора и Португалија. Честитки за нашите репрезентативци“, изјави Каевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хокеј

Sorry, no posts matched your criteria.