
Свет
Вести
Доколку мислите на видливоста, би имале секунда на темнина. Тоа е сè. Од друга страна, доколку Сонцето престане да постои една секунда, би се случило нешто многу поголемо.
Орбитите на сите планети и многу други тела во нашиот Сончев Систем се под влијание на гравитацијата на Сонцето и се резултат од постојаното вртење кон него.
Земјата врти околу Сонцето со просечна брзина од 30 километри во секунда. Кога би го отстраниле Сонцето, со него би исчезнале и гравитациските ефекти на другите тела во системот. Тогаш, наместо да забрзуваат во кружна патека, тие ќе продолжат да патуваат во права линија со постојана брзина.
Некои тела веројатно би биле исфрлени од Сончевиот Систем, а некои би се удриле во други тела.
Краткото исчезнување на Сонцето би го уништило и магнетното поле околу нашиот Сончев Систем. Ова поле нè штити од голема радијација и честички надвор од Сончевиот Систем.
Радијацијата би создала многу интересни аурори во атмосферата, а би предизвикала и проблеми за сателитите и електричните уреди на Земјата.
Накратко, би настанал краток хаос кој би имал незамисливи последици.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.