вторник, 20 август 2019

MK/ EN/ DE



Од ЗНМ посочуваат дека високите претставници на Владата, но и воопшто јавните личности кои се дел од политичката сцена, потребно е да имаат повисок праг на толеранција кога кон нив се упатува критика од страна на новинарите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2019 23:41

ЗНМ: Со заканите кон новинарите Рашковски дава пример како не треба да се однесува висок претставник на Владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир

Непримерениот и дрзок однос проследен со закани за тужби за клевети кон новинарите ја засенија денешната прес-конференција што ја одржа Генералниот секретар на Владата на Република Македонија Драги Рашковски, реагираат од Здружението на новинари на Македонија.

-Ваквите директни закани за иницирање на судски постапки кон новинари од страна на високи претставници на Владата претставуваат притисок кон новинарите што може да резултира со самоцензура, реагираат од ЗНМ.

Рашковски ја предводи и меѓуресорната група за спроведување на Законот за јазици.

Генералниот секретар на Владата, според ЗНМ, потребно е да знае дека со неодговарањето на новинарски прашања на прес-конференцијата, која тој самиот ја организира, но и со дрскиот однос кон поедини новинари кои присутни на настанот, го нарушува и концептот на отвореност и транспарентност која Владата се обидува да го застапува.

-Го потсетуваме Рашковски дека доколку е незадоволен од етичките стандарди на конкретен новинарски или медиумски производ, тогаш тој може да упати претставка до медиумските саморегулаторни тела, нагласуваат од ЗНМ.

Од ЗНМ посочуваат дека високите претставници на Владата, но и воопшто јавните личности кои се дел од политичката сцена, потребно е да имаат повисок праг на толеранција кога кон нив се упатува критика од страна на новинарите. Тие е потребно да знаат дека тужбите за клевета и навреда кон новинарите претставуваат непопуларен метод кој се користеше во минатото, а тоа негативно се одразуваше на слободата на изразувањето и придонесуваше Македонија да биде ниско оценувана на светските индекси за слободата на медиумите. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна...

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial