Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо, изјавија родителите на убиените момчиња за емсиијата КОД.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 18:45

Зоран Заев на суд за случајот „Монструм“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев ќе мора да сведочи на судењето за случајот „Монструм“. Сведочењето е по барање на обвинителството и на родителите на убиените момчиња, пишува Курир.

Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо, изјавија родителите на убиените момчиња за емсиијата КОД.

Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо. -Неговата гаранција видовте колку ни вреди, потенцираа родителите на егзекутираните деца..

Зоран Заев ќе мора да сведочи на судењето за случајот „Монструм“. Сведочењето е по барање на обвинителството и на родителите на убиените момчиња.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Освен Заев, кој случајот со грозоморното убиство го искористи како гол предизборен маркетинг, ветувајќи им на родителите снимки и наводна вистина за убиството на синовите, во судница на барање на обвинителството ќе сведочат и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.

Бараме да сведочи Звонко Костовски за начинот на кои се предадени бомбите од УБК до СЈО. Зоран Заев го повикуваме во однос на неговите информации за овој случај, рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Во судница ќе треба да сведочи и Трајковски, вработен во МВР, чии телефонски разговори беа пуштени во судница, а од кои се создаде впечаток дека предупредил дека ќе се случи нешто лошо.

Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото.

Годините минуваат, но болката кај роднините на убиените не поминува.

Сол на нивната рана е фактот што убијците се на слобода. Во целата темнина која со години ја живеат, искра надеж добиле токму во ветувањата на Заев дека со нив ќе сподели докази.

Но родителите сфатија дека политичарот само сакал власт, а не правда. Беа најгрубо изиграни, а тоа беше уште еден удар кој ги боли многу.

КОД објави цел документарец за трагичната судбина, а во него ги имаше и сведоштвата на родителите на убиените момчиња.

Огорчени се на неправдата која поранешниот премиер им ја нанесе.

Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо.

Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо.Неговата гаранција видовте колку им вреди, посочија родителите на егзекутираните деца кај Смиљковското езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

Каракамишева: „Бомбата“ за Заев е само потврда дека тој диригира со судството и обвинителството!

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски...

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Четврта жртва од експлозијата во Романовце

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата...

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Непредвидливо време до крајот на неделата- денеска уживајте во сонцето

До крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена, локално и позначителна облачност,...