Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на почеток на денешната граѓанска трибина во Куманово „На прав пат”, рече дека Куманово е вистинско олицетворение на Европската унија.
Тоа е патот на напредокот, на сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати, на членство во ЕУ и НАТО,рече Заев. Да кажуваш дека си на прав пат а да не дојдеш во Куманово, си го згрешил патот. Кумановци биле и ќе останат на вистинскиот пат. Тоа значи дека сме сопатници, на ист правец, на ист пат.
А Куманово е вистинско олицетворение на Европската унија, како што ЕУ е збир на земји со различни особености, така и Куманово е град – конгломерат во кој се испреплетуваат различни етникуми, вери, култури и јазици. Затоа Куманово, е град полн со дух и позитивна енергија, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев, исто така имаше работна средба со стопанственици во индустриска зона „Новини“ во кумановското село Речица.
Немаме намера, посочи, да правиме паралелен процес од ЕУ и нашето место, на сите шест земји од Западен Балкан е безалтернативно во ЕУ и нема дилеми.
– Но, ако ги забрзаме процесите ако меѓусебно ја интензивираме соработката, ако трговијата почне со поголеми проценти од 10 проценти да расте, а расте сега со нешто повеќе од 10 отсто, може да расте со 20 отсто, со 30 отсто, ќе не почитува и Западот повеќе.Ако ги искористиме тие капацитети ќе ја направиме нашата економија уште поконкурентна да се бори со западноевропските економии. Ако го здружиме целиот регион, кога инвеститорот ќе инвестира во Куманово и вели ми требаат 25 инженери, а имам 15, ќе може слободно од целиот регион да бара инженери и квалификувана работна сила. Сето тоа ќе значи дополнителни странски и домашни инвестиции за целиот Западен Балкан и тоа се сериозни причини, истакна Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.