Македонија
Фејсбук
Претседателот на надзорниот одбор на МИА – Македонската Информативна Агенција – Зоран Иванов на фејсбук дебата истакнал дека и покрај тоа што сака да е “легалист” сега нема потреба од почитување на законот и граѓаните треба “за уши” да се носат да гласаат на Референдум.

“И јас сакам да сум “легалист” ама [ генерално за во Македонија ] тоа е мисловна именка. Затоа сега нема закон – сите “за уши” па на референдум. Во интеграции макар “неправно”. Ова токму во функција и овде во Македонија конечно да проработи правото – тоа е мотивот. Кога еволуцијата е бавна – проработува револуцијата – само да е “просветлена” – да води кон европски вредности. – напиша Иванов.
Новинарската фела очекува Зоран Иванов да го појасни говорот со кој се служи при дебатата на социјалните мрежи но и содржината од искажаното особено што “влечење за уши” апсолутно не води кон прокламираните европски вредности. Иванов патем е долгогодишен новинар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фејсбук
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.