Кичеец пуштен во домашен притвор

Објавил: Узунов Бобан | 24 септември, 2019 14:53

Зоран Милески-Кичеец пуштен во домашен притвор по предлог на обвинителството

Фото/Текст извор: ©магазин

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд донесе решение и ја укина мерката притвор за Зоран Милески – Кичеец како осомничен во „Рекет“. Со решението, таа мерка се укинува и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор.

Барањето за Кичеец одбраната го поднесе на 19 септември, тоа било пратено до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму дале позитивно мислење, по што судијата донел одлука за поблага мерка.

Инаку, во случај кога обвинителот дава позитивно мислење, судијата не е во можност да даде построга мерка.

Решението од судот е веќе испратено, а откако странките ќе го добијат, Кичеец веднаш ќе биде спроведен од Шутка во куќен притвор.

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција води 3 истражни постапки за осомничениот Бојан Јовановски. 

Првата истрага се однесува на веќе познатиот случај Рекет, односно на изнуда и влијание за случајот Империја на бизнисменот Орце Камчев. Во овој случај заедно со Јовановски осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Втората истрага на обвинителството се однесува на организацијата Меѓународен Сојуз. Во овој случај обвинителите ги проверуваат наводите за сомнителни трансакции, притисоци кон локални власти и други сомнителни активности под маската на наводна изградба на старски домови. За овој случај на распит веќе беа повикани и двајца политичари.

Третата истрага се однесува на случајот кој го обелодени бизнисменот Зоран Азманов, но и други бизнисмени за кои постојат сомневања дека биле предмет на економски рекет.

Улогата на Јовановски е заеднички именител за сите истраги. Во делата се менуваат осомничените соработници.

Јовановски повеќе од 2 месеци е во притвор за случајот со бизнисменот Орце Камчев. Денеска прв пат по приведувањето беше изведен на распит, но не даде исказ пред Русковска со образложение дека не извршил увид во доказите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За Телма тој раскажува дека неговата 58-годишна мајка Јаворка Дончева има тешки здравствени проблеми, по два преживеани  мозочни удари, откако и се влошила состојбата веднаш повикале брза помош. Попладнето се јавил во болницата, а од другата страна на слушалката некој му соопштил дека е веќе почината и да се подготват за нејзиниот  погреб.

Жива жена од Кочани ја прогласиле за мртва- синот Благојче купил ковчег, свеќи а таа се лекува на интерното одделение!

37-годишниот Благојче Дончев од Кочани пред два дена доживеал вистински стрес, откако...

Имено токму таа беше една од оние кои свесно со симптоми оделе на работа. Нина Цаца, се вратија од скијање во Италија, и знаејќи дека може да го пренесе коронавирусот за кои имала и симптоми, свесно пет дена одела на работа. Во меѓувреме таа одржа и симпозиум во еден скопски ресторан каде присуствуваа околу 200 доктори. 

Директорката Цаца е една од излекуваните пациенти со коронавирус

Нина Цаца Билјановска, сега веќе поранешната директорка на Кожната клиника во Скопје,...