Сопругата на македонскиот премиер Зоран Заев, на приемот кај премиерот Борис Џонсон изгледаше одлично, а со нејзиниот гламурозен стил ги воодушеви присутните.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 декември, 2019 21:12

Зорица Заева го сруши модниот стил на Меланија Трамп: Сопругата на премиерот блесна во ЛОНДОН(фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев и неговата убава сопруга Зорица Заева, пред два дена присуствуваа во Лондон, на 70-тиот самит на НАТО. 

Сопругата на македонскиот премиер Зоран Заев, на приемот кај премиерот Борис Џонсон изгледаше одлично, а со нејзиниот гламурозен стил ги воодушеви присутните.

Зорица за таа пригода избра елегантен фустан со строг крој, кој го зачини со темен ремен и чантичка.

Нејзината креација е од познатата македонска дизајнерка Елена Лука, која инаку е од Струмица.

Премиерот Зоран Заев и неговата убава сопруга Зорица Заева, пред два дена присуствуваа во Лондон, на 70-тиот самит на НАТО.

Во сличен фустан, во небесно сина боја, ја видовме и сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп на инаугурација на нејзиниот сопруг. 

-“Downing 10” синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол пред божиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, напиша Заев на фејсбук.
Тој на Фејсбук објави и фотографии од кои едната е покрај новогодишна елка, а тој во раката држи лампион на кој го пишува името на нашата држава, Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.