
Свет
Анализа
Зошто Албанците се најрадосни од победата на Џо Бајден. Јавна тајна е дека албанското лоби е најсилно кај демократите. Исто така во мандатот на демократите е НАТО интервенцијата во Косово.
Демократите почнуваат да играат први на картата на УЧК. Затоа и Али Ахмети е првиот политичар во Македонија кој јавно му ја честиташе победата на Џо Бајден.
Сега испорачаниот во Хаг за купишта воени злосторства, Хашим Тачи беше голем командант за Бајден.
Демократскиот кандидат и идниот претседател на САД, Џо Бајден, го спореди Хашим Тачи со Џорџ Вашингтон, а „косовскиот Џорџ Вашингтон“ од завчера е во притвор во Хаг за воени злосторства за кои е обвинет од Специјалниот совет на тој суд.

Имено, за време на состанокот меѓу Бајден, тогашен потпретседател на САД и Тачи, тогашен косовски премиер, во јули 2010 година во Белата куќа, Бајден истакна дека Тачи е „косовскиот Џорџ Вашингтон“.
Сепак, ниту минатото на Тачи, кое сега е предмет на обвинението на хашките совети, ниту годините по тој состанок, не ги потврдија проценките и наводите на Бајден.
Имено, како што се наведува во соопштението на кабинетот на Тачи за таа средба, Тачи изрази длабока благодарност до Соединетите држави за нивниот придонес во „ослободувањето и независноста на Косово“.
Тачи исто така изрази верување дека по Мислењето на Меѓународниот суд на правдата, во 2010 година ќе се појави нов бран на признавање на Косово со оценка дека независноста на Косово ќе донесе повеќе мир, стабилност и развој во регионот.
Бајден го убеди Тачи дека независноста на Косово е неповратна за Соединетите држави и дека територијалниот интегритет на Косово останува неприкосновено.
Тој изрази голема почит кон посветеноста на косовската влада за владеење на правото, нивната решителност во бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал, одржливиот економски развој, почитувањето на правата на малцинствата и другите развојни процеси.
Бевме сведоци дека Бајден и демократите направија се да не дојде до тој српско косовски диалог во Белата ќуќа. Во прв момент и Хашим Тачи и премиерот Хоти ја откажаа средбата. Таа средба се случи дури во вториот обид на почетокот на септември.
Сега остануваат фактите: Вучиќ беше за победа на Трамп а албанските полиричари за победа на Бајден.
Ќе видиме дали победата на Бајден ќе ја засили албанската позиција на Балканот?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.