Од доаѓањето на Самсоненко, кој за извршен директор го постави Самоил Симев, а претседателската функција му припадна на Мирко Спасески, тренерите се менуваат како кукли во зависност од претставата што треба да и се подготви на јавноста.

Објавил: Македонка Димкин | 22 јули, 2018 0:09

Зошто Вардар веќе не е најдоброто од Македонија?!

Фото/Текст извор: ©екипа.мк

Најавената  „Ревардаризација“ се претвори во „Растуризација“. Зошто е тоа така и кои се вистинските причини за слободниот пад на Вардар од групната фаза во Лигата на Европа до елиминација во почетнaта квалфикациска рунда за ова натпреварување?

На што се должи намалениот буџет само една сезона откако беа заработени повеќе од 4,5 милиони евра само од настапите во натпреварувањето на УЕФА?! Како „секна“ чешмата на Сергеј Самсоненко, дали управата има капацитет да го менаџира клубот на потребното ниво, и зошто во Вардар само тренерите се менуваат како на филмска лента.

Од доаѓањето на Самсоненко, кој за извршен директор го постави Самоил Симев, а претседателската функција му припадна на Мирко Спасески, тренерите се менуваат како кукли во зависност од  претставата што треба да и се подготви на јавноста.

Лутањето во изборот на тренери како eдна од клучните болки во црвено-црниот табор, за ЕКИПА ТВ го анализира и најтрофејниот тренер во историјата на Вардар, Ѓоко Хаџиевски. Тој вели дека едноставно клубот не знае да одбере соодветен тренер, според клупската стратегија што се форсира во дадениот период. Потрошени се шест тренери за четири и пол години, откако Самсоненко го презеде Вардар.

Тоа е главната тема за разговор. Од ланската година кога Вардар победи со Фенербахче и влезе во групната фаза на Лигата на Европа, до оваа година – има огромен пад. Веројатно многу работи се случија, во смисол на организација на клубот, намалување на буџетот, немаше силни трансфери, Вардар се определи на помлад кадар, формирање на нови играчи, но тоа треба да се совпадне и со искуството на некој што создава. Кога зборуваме за таква стратегија, тогаш тие млади играчи треба да бидат водени од некој што има зад себе создадено фудбалери, генерации, стил на игра. Многу е рано да зборуваме за новата сезона, не би сакал јас да бидам сега прогнозер, да кажам сега дека лошо им се пишува, но стартот на сезоната сигурно не ветува“, изјави Ѓоко Хаџиевски

Сергеј Самсоненко е руски милионер и бизнисмен кој престојува во Република Македонија. Тој е сопственик на македонскиот фудбалски клуб ФК Вардар и македонските ракометни клубови РК Вардар и Вардар

Благоја Милевски не издржа ниту десетина дена и воопшто не доби шанса. Беше заменет со анонимниот Русин, Сергеј Андреев, кој беше тема со се друго освен со фудбалските резултати. Единствен кој предводеше шампионски состав беше Гоце Седлоски. Но, и тој не издржа на кормилото за да се гордее на пласманот во групите од Лигата на Европа. 

Со фанфари беше доведен Чедомир Јаневски, ги загуби сите шест меча во ЛЕ, исто како и титулата и Купот на домашна сцена. Замина неславно и тивко откако ги издржа и ги голтна настапите со младинци во клучната фаза од првенството.

До крајот на сезоната порази редеше Бобан Бабунски. Изненадувачки доби шанса да биде прв тренер и за стартот на европската сезона, а поразот од Пјуник во Ереван беше искористен управата да му ја покаже вратата.

На реваншот во Скопје, Александар Васоски  конечно барем малку излезе од сенката на сите претходни тренери и седна на клупата како предводник на првиот тим. И, Вардар заврши во амбисот.

Не е само да поставиш тренер, треба да знаеш и што сакаш да оствариш со него. Ова го потенцираше Хаџиевски за ЕКИПА ТВ, посочувајќи дека во Вардар не се работи правилно.

Линк до целиот текст

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...