Објавил: Узунов Бобан | 15 јануари, 2019 15:01

Зошто ВМРО-ДПМНЕ (не) треба да бара предвремени парламентарни избори ?

Фото/Текст извор: ©

Деновиве од власта и опозицијата се појавија информации дека е можно заедно со претседателските избори да се распишат и предвремени парламентарни избори под пржински услови. Иако организирањето на изборите под пржински услови би било ветар во грб за опозицијата, поуките од референдумот треба да бидат насоки и за идните политичките потези.

Референдумот за промена на името покажа две работи. Прво, оваа власт е со бланко поддршка на меѓународниот фактор и токму на референдумот експлицитното, насилното и дрското полнење на кутии остана незабележано во ниту еден извештај од меѓународните институции ОБСЕ/ОДИХР ниту пак од осуда од релевантен политичките претставник во земјава. Второ, опстојувањето на вака поставените политички сили во парламентот му одговара на пропагандистите на Преспанскиот договор, бидејќи со расцепкани албански политички сили во Парламентот и уценети осум пратеници во опозицијата пазарењето многу полесно ќе биде за законите кои ќе значат спроведување на Преспанскиот договор.

Слабата излезност на реферндумот на албанската етничка заедница покажаа дека ДУИ, спротивно на нивите тврдења, има слаба поддршка кај нивниот електорат и затоа мораа во билдање на својот рејтинг да го објават Законот за јазици без потпис на претседателот Иванов. Дополнително, низ историјата на изборите во Македонија сведоци сме биле дека албанската владејачка партија не размислува многу да посегне по насилни методи во Тетово, Струга, Кичево, Гостивар кога е веројатно дека ќе ги изгуби позициите.

Без разлика на потезите на другите политички актери, во јавноста ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема изградено автентична политичка порака односно програма која ќе ја акумулира критичната маса во општеството во свој арсенал против власта. Политичките пораки, економската програма и промената на системот на раководење се трите столбови кои треба да ја градат политичката стратегија на опозицијата. Досега имаме само неканалзиирана критика без конкретна понуда за решавање на проблемите.

ВМРО-ДПМНЕ после резултатот на претседателските избори кој мора да биде околу 400.000 освоени гласови за истиот да значи потврда дека Мицкоски ја зацврстил позицијата на партијата и кај неопределното гласачко тело и дека партијата го преминала неопходниот праг за кој ќе може да брка победа на следните парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...