Многу наши културни дејци и поети се образувале во Русија. Москва бил главен центар на словенските културни дејци. Еклатантен пример за студирање во високите руски школи е Константин Миладинов, кој студирал на Филозофскиот Факултет во Москва во 1856 година. Има и други, но секако меѓу најпознатите е наведениот пример со Константин Миладинов. Историска позадина постои помеѓу македонскиот и рускиот народ, посебно поради солидарноста на словенските народи прво, а потем и религиската, бидејќи и македонскиот и рускиот народ за доминантна религија ја имаат православната христијанска.
Последните неколку години настанува проблем во однос на руско-македонската соработка. Свртувањето на Македонија кон евроатланскиот пакт значеше целосно оградување од каква било соработка со Русија. Односите се целосно заладени и на економски и на дипломатски план, било какво мало влијание на Русија, веднаш се осудува и се користи за да се упати јавна критика на оние кои соработуваат со русите.
Партиските копја се кршат токму околу тоа прашање. СДСМ ги кодоши ВМРО-ДПМНЕ кај дипломатите од ЕУ доколку дојде до било каква соработка, споменување на руски симбол или негово истакнување помеѓу гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна ДПМНЕ паѓа под притисокот на русофобијата и се чини дека стравот ги тера да ја свртат својата надворешна политика од соработка со Русија.
Додека македонските политичари од русите бегаат како „ѓавол од темјан“ и не сакаат по било која цена да ги изгубат симпатиите од западните, ниту едните, ниту другите, нашите северни соседи транспарентно ја откриваат блиската соработка со Русија. Пред неколку дена, министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ изјави дека: „Србија не ја крие воената соработка со Русија“.
Србија е пример дека Балканот не е хомогено подрачје кога станува збор за алокација на влијание на надворешните сили. Покрај тоа што доминантно балканските држави се изложени на влијание од западните држави, пред сè Грманија и Франција преку ЕУ а потем и САД преку НАТО, Србија покажува дека може да се игра независна надворешна политика и да се соработува и со „западниот“ и со „источниот“ блок.
И покрај тоа што јавно, Србија се изјаснува дека е ориентирана кон ЕУ, често можете да забележите како српските политичари покажуваат отворена непослушност кон ЕУ. Од друга страна честите посети на Путин во Србија и на Вучиќ во Москва упатуваат на тоа дека релациите помеѓу овие две држави се и повеќе од блиски.
Останува нејасно која е причината за толкава русофобија во Македонија со однос на културната и историската блискост со рускиот народ и зошто македонските политичари не играат балансирана политика во однос на западните и источните сили како што тоа го прави Србија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.