Претседателите на Русија и Кина едноставно решиле дека во време на криза меѓу светските сили, мислејќи на САД, нема потреба од нивно присуство на ГС на ОН во Њујорк

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 11:38

Зошто го нема Путин во Њујорк?

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Русија, заедно со Кина, се единствените земји кои на 73-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк не ги претставува претседателот или премиерот, што го покрена прашањето зошто на овој собир не дојде шефот на руската држава Владимир Путин, наведува “Вечерње Новости”.

Москва соопшти дека уште на 24 август потпаролот на Путин, Дмитриј Песков најави дека претседателот на Русија не планира да патува во Њујорк.

Путин одредил на овогодинешната сесија да оди министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој има огромно искуство и е поранешен претставник на неговата земја во Советот за безбедност на ОН.

Веќе трета година по ред Путин апстинира од учество на заседание на Генералното собрание. Последен пат присуствуваше во 2015 година на јубилејното 70-то заседание на Генералното собрание на ОН, што беше признание за меѓународната организација во чие создавање учествуваше и СССР, кој како држава во меѓународната организација ја наследи Русија.

Путин до сега бил на заседанија на Генералното собрание во 2000, 2003, 2005 и 2015 година, пишува весникот.

Путин не објаснуваше зошто не патува во Њујорк, но московските политиколози сметаат дека во сегашната атмосфера на меѓународни односи од ова патување не би имала никаква корист. Светот веќе добро ги знае ставовите на рускиот лидер, не само за главните меѓународни проблеми туку и за предлозите како да се решат тие. Работниот календар на Путин и онака е преполн, па патувања кои немаат голем ефект не се потребни.

Во меѓувреме, руската делегација имаше инцидент во Њујорк затоа што во подготовките за седницата на Советот за човекови права на ОН, претставниците на Секретаријатот не им дадоа да го користат зборот Крим.

Шефот на руската работна група Александар Молоханов изјави дека би требало, според правилата, рефератите да се даваат порано и тогаш им било кажано дека во формулациите не можат да користат Крим, туку “Автономна Република Крим, Украина”. Претставници на Крим, кој сега и припаѓа на Русија, не сакале да ги послушаат чиновниците од Секретаријатот на ОН.

Александар Молохов вели дека сепак се нашол некој кој ги посоветувал чиновниците да се стивнат и руската делегација го изнесе својот став за човекови права на начин на кој планирала.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се пошегува во Њујорк, кога претседателот на Украина по грешка влегол во собата на руската делегација на ОН. Порошенко одел на друг состанок, но ја промашил вратата и влегол во просторијата за преговори на руската делегација. Кога видел дека погрешил, Порошенко брзо излегол и ја затворил вратата. Лавров се пошегувал и рекол: “Веројатно тргнал во тоалет”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Од почетокот на годината, во централна Африка, каде вообичаено се јавуваат мајмунски сипаници, се пријавени речиси 1.500 случаи и 70 смртни случаи.

СЗО: Мајмунските сипаници не се закана за глобалното здравје

Во моментов, мајмунските сипаници не претставуваат закана за глобалното здравје, соопшти...

Заедно! добива релативно мнозинство со 224 пратеници, Нупес – сојузот на левицата е на второ место со 149 пратенички места, според првите проценки.

Францускиот претседател Емануел Макрон нема да има апсолутно мнозинство во Националното собрание

Според сите први проценки на институтите за испитување на јавното мислење, францускиот...

Арктикот - местото на најбрзо затоплување на Земјата - веќе влезе во невидена состојба на „закана за глобалната климатска стабилност“.

СЕ ЗАКАНУВА НОВА ОПАСНОСТ ВО СВЕТОТ: Ќе имаме само уште 9 години нормален живот (ВИДЕО)

Арктичкиот морски мраз ќе исчезне околу 2029 година според сателитските слики, предизвикувајќи...

Научниците предупредуваат дека населените места и големите туристички атракции се во голема опасност.

СЕ РУШАТ ПЛАНИНИТЕ НА АЛЈАСКА: Ќе предизвика цунами и тоа не е најлошото што може да и се случи на планетата

Новите истражувања покажуваат дека планините на Алјаска полека се рушат, бидејќи мразот...