Вежбовната активност е насочена кон постигнување на интероперабилноста на припадниците на вооружените сили

Објавил: Ина Петковска | 17 април, 2019 13:07

Зошто дури 2000 Американски војници доаѓаат во Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 130-та владина седница беше разгледана и профатена Информацијата за изведување на вежбовната активност на Армијата на Република „Северна“  Македонија и Командата на US EUCOM „Одлучен удар“, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули оваа година.

На предлог на Министерството за одбрана Владата донесе и одлука за одобрување за влегување и престојување на припадници на странски вооружени сили на територијата на Република „Северна“ Македонија заради изведување на вежбовната активност „Одлучен удар“.

Според информацијата усвоена на денешната седница станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на Република „Северна“ Македонија во НАТО.

На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2.000 припадници на Армијата на РСМ, и активно учество на 2.000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Вежбовната активност, како што се вели во владиното соопштение, е насочена кон постигнување на интероперабилноста на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички со цел овозможување на зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО алијанса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести