
Македонија
Вести
Ракометниот клуб Вардар е она на што Македонците се најгорди во последните 7 години, откако клубот во свои раце го превзема првиот човек во заминување Сергеј Самсоненко.
Самсоненко со Вардар нижеше успеси кои ќе останат историски и за нив ќе се зборува и по неговото заминување. Најголемо достигнување на РК Вардар беше во сезоната 2016-2017 кога клубот под спознорството на Самсоненко ја освои Европската Лига на шампиони во ракомет која важи за најголемо ракометно клупско достигнување.

Самсоненко финансираше огромна сума на пари во ФК и РК Вардар.
Сепак по 7 години на чело на Вардар, Самсоненко преку соопштение објави за своето заминување, а јавноста со неверување ја прими оваа вест. Сергеј Самсоненко изјави дека ќе си заминува од Вардар поради влошената финансиска состојба во клубот, односно константното задолжување за финансирање на клубот без притоа никаква помош од државата или пак од бизнис секторот во Македонија.
Самсоненко во соопштението посчи дека државата и власта наместо да му помагаат веќе две и половина години му одмагаат, правејќи се за рускиот бизнисмен да си замине од Македонија.
Бизнисменот Самсоненко во скопската населба Аеродром започна со градба на Руска православна црква, чија изградба општина Аеродром на чело со Златко Марин градоначлник од редовите на СДСМ ја прекина. Притоа Марин исто така го раскина договорот кој општината го имаше со Самсоненко за користење на тениските игралишта на кејот од Вардар.
Финансиските проблеми доведоа и до тоа да се доцни со плати за ракометарите бидејќи започна блокирањето на финансиските трансфери од државните институции. Ваквата состојба направи многу клучни играчи да си заминат од тимот и да си ја бараат среќата на друго место.
Клубот е се почесто мета за инспекциите, и тоа дополнително ја отежнува работата. Инаку веќе во јавноста се шпекулира дека интерес за купување на македонскиот фудбалски бренд има од страна на бугарски бизнисмени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.