ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

Објавил: Валерија Петрова | 11 септември, 2019 10:03

Зошто се уште не е повикан Боки 13 на распит -што знае тој, па Рускоска и Заев се плашат од тоа?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и покрај тоа што првоосомничениот во случајот „Рекет“Бојан Јовановски е во притвор два месеци, шефицата на организираниот криминал се уште не го повикала да дојде на распит, па од партијата прашуваат, што Бојан Јовановски знае, па Рускоска и Заев се плашат од тоа?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со институцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

ВМРО – ДПМНЕ е реагира зошто Вилма Русковска се уште го нема повикано на распит Бојан Јовановски

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ги командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СДСМ мора да си замине.

 

За потсетување, Бојан Јвановски е приведен на 15 јули на граничниот премин, експресно доби притвор од 30 дена, потоа доби продолжување на уште 30. Исто така во овој случј како второосмничен е Зоран Милевски кој исто така доби 30 дена и продолжување на уште толку.

Јовановски го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Факт е дека низ целата наша историја овде виреел и се негувал еден мултиетнички и мултиконфесионален општествен концепт, кој токму на овие македонски простори се покажал како најодржлив.

Кој и зошто го нуди концептот за „македонска политичка нација“?

Дефинициите за нација речиси во сите енциклопедии започнуваат со констатацијата дека...

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана

ДРОГА, АПСЕЊА И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полициска акција на 54 локации во 24 градови(видео)

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се...