Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, луѓето во Виена и мојот пријател Себастија Курц, напиша Заев на својата официјална страница на Твитер!

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2020 9:28

Зaев го осуди терористичкиот напад во Виена

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

– Премиерот Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочувство до австрискиот канцелар Себастијан Курц за жртвите и нивните семејства.

– Шокантни вести пристигнуваат од Виена, во време кога треба да стоиме обединети и да градиме солидарност. Јас силно ги осудувам терористичките напади и секое дело на насилство.

Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, луѓето во Виена и мојот пријател Себастија Курц, напиша Заев на својата официјална страница на Твитер!

Најмалку четири лица – двајца мажи и две жени беа убиени во истовремени терористички напади синоќа во центарот на Виена на шест различни локации, соопшти австриското МВР!

15 лица се повредени, некои од нив се со исклучително сериозни повреди и се наоѓаат во болници.

Еден од напаѓачите е убиен во акцијата на полицијата и армијата.

Министерот Немер објасни дека напаѓачот бил симпатизер на Исламската држава и дека бил извршен претрес во неговата куќа и по тој повод бил одземен видео материјал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На средбата премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на оваа цел нагласувајќи дека поддржува почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.

Заев – Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и...

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...