Поранешниот министер во кабинетот на Заев, актуелен пратеник, Самка Ибраимовски на социјалните мрежи на етничката заедница која ја претставува во власта им нудо живот, но во Германија.
Самка Ибраимовски, пратеник од ПЦЕР во македонското Собрание и коалициски партнер на СДСМ на своите гласачи им наоѓа работа во Германија. на неговиот профил на социјалните мрежи тој ги повикува сите Роми, кои се ѕидари, тесари, градежни работници да го контактираат на мобилниот телефон за работа во Германија.
Коментарите на социјалните мрежи се движат во насока дека претставникот на Ромите во македонскиот парламент е Агенција за вработување или за странски инвестиции.
Ибраимовски во периодот 2004 – 2006 тој бил заменик на министерот за труд и социјална политика а во Собранието како пратеник за прв пат влегува во периодот 2011 – 2014 година.
Неодамна Ибраимовски испрати писмо до премиерот Заев со кое бара отповикување на својот министер без ресор, Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на стратегија на Ромите и подобрување на нивниот статус.
Ова барање, како што се наведува во информацијата на ПЦЕР, е поради неисполнување на стратешките определби на Партијата за целосна еманципација на Ромите од министерот без ресор и нереализирање на започнатите инфраструктурни проекти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.