
Спорт
Тенис
Во вчерашното гостување преку видео врска, на „РТЛ“ еден од најпознатите тенисери во Хрватска Горан Иванишевиќ ја прокоментира целата ситуација со неодамнешните случувања на „Адрија тур“ и големиот број на заразени тенисери и тренери, меѓу кои и организаторот и светски број еден тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој за гледачите ја откри состојбата на Новак Ѓоковиќ кој вчера ја извести јавноста дека е позитивен на Ковид 19.

– Се слушнавме и не му е лесно. Тој е многу добро, ако ги погледнеме околностите. Тој ќе издржи сè, силен е, но за него не е лесно“, рече Иванишевиќ.
Иако многумина го обвинуваа Ѓоковиќ зошто не направил тест уште пред да замине во Србија, сепак Иванишевиќ вели дека тој не се тестирал во Хрватска бидејќи сакал тоа да го направи во својата земја:
„Бидејќи на денот кога се случи тоа, по препорака на персоналот, кој ни рече дека секој играч може да биде тестиран во својата земја, тој реши да замине во Белград. Играчите отидоа на тест самостојно“. Не бевме тестирани ниту кога пристигнавме во Хрватска, така рече министерот Берос. Никој немаше симптоми.
Тој истакна дека се чувствуваат одговорни, но дека му пречи што тој се претставува како единствен виновник.
– Се чувствуваме одговорно, ова беше една голема, одлична работа. Жал ми е за сите заразени, но на некои работи не може да се влијае, така и во овој случај. Единствено што ме мачи е дека ние сме главни виновници и луѓето собираат политички поени на наш грб, а во Задар има најмалку заразени. Сè падна на наш грб, тоа не е во ред, рече Иванишевиќ.
Тој досега е тестиран двапати, а го чека уште еден тест.
– Бев тестиран минатата среда и во понеделник. И двата теста се негативни, се надевам дека ќе има трет во сабота. Не ми бегаат 14 дена самоизолација, додаде Иванишевиќ и заклучи: „Се случи тоа што се случи и сега е лесно да се биде паметен за тоа што беше потребно, што не. Посакувам заразените да закрепнат брзо“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.