Олимпијата во Париз

Објавил: Калина Мартинска | 9 август, 2024 14:31

Ивановски пред утрешниот настап: Подготвен сум за предизвикот, сакам цела Македонија да ужива

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Утре ќе настапи и последниот македонски натпреварувач на Олимписките игри во Париз, атлетичарот Дарио Ивановски ќе трча на маратонската трка.

Ивановски вели дека е максимално подготвен и очекува да заврши меѓу првата половина на натпреварувачи на трката.

Сиљановска Давкова на средба со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски

„Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за предизвикот. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам добра трка. Сакам цела Македонија да ужива“, изјави Ивановски.

Маратонската трка низ улиците на Париз започнува утре (сабота) со почеток од осум часот.

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчат“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.