Париз

Објавил: Калина Мартинска | 10 август, 2024 11:25

Ивановски 69-ти на маратонската трка на Олимписките игри во Париз 2024

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69-тото место на маратонската трка на Олимписките игри во Париз 2024. Во пеколно тешка трка победи Тамират Тола од Етиопија и тоа со олимписки рекорд.

Ивановски го комплетираше маратонот со време од 2 часа, 28 минути и 15 секунди. Зад него финишираа само уште двајца маратонци, но десетмина не го завршија маратонот.

Ивановски пред утрешниот настап: Подготвен сум за предизвикот, сакам цела Македонија да ужива

Тола победи со време од 2 часа, 6 минути и 26 секунди со што постави нов олимписки рекорд. Башир Абди од Белгија го освои среброто додека бронзата му припадна на Бенсон Кипруто од Кенија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.