Ѓорге Иванов Претседателот на Република Северна Македонија, денеска ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили во Гостивар кои се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово.
Иванов веднаш после денешната комеморативната седница, се упати кај семејствата во Гостивар, во кои што вчера трагично ги изгубија своите животи, во сообраќајна несреќа што се случи на патот од Скопје за Тетово. Тој на семејствата и на блиските на загинатите им изрази најдлабоко сочувство за претрпената загуба.
Исто така денеска Претседателот Ѓорге Иванов, во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, посети голем дел патниците кои беа повредени во вчерашната автобуска несреќа.
Денеска беше присутен и комеморативната седница заедно со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и премиерот Зоран Заев.
Иванов на говорницата изрази длабоко жалење за прерано згаснатите животи и рече дека овие се моменти на тага и на жал за загубените животи.
“Се вели дека луѓето не умираат кога ќе ги погребат, туку кога ќе ги заборават. Да остане за овие луѓе споменот вечен, да се сеќаваме на нив да ги спомнуваме и на нивните најблиски да ги пребродат овие тешки моменти” рече Иванов на комеморативната седница во Гостивар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.