Македонија
Вести
По официјалниот пречек, поглаварот на Римокатоличката црква во претседателската резиденција Вила Водно на официјална цеременија ќе има побраќање пред претставници на македонскиот државен врв, граѓанските организации и дипломатскиот кор.
Планирана е и средба на папата со верските лидери во Спомен куќата на Мајка Тереза. Кулминација на посетата треба да биде Светатат литургија со папата на плоштадот Македонија, кој за таа цел, впрочем како и целата македонска престолнина, беше „разубавен“. Ова е прва и воедно историска посета на еден папа на Северна Македонија. За папата Франциско пак ова е 42. земја која ја посетува откако во 2013 година беше востоличен за поглавар на Римокатоличката црква.

Во Скопје сѐ е подготвено за првата историска посета на првиот човек на Католичката Црква и на Ватиканската држава, Неговата Светост, Папата Франциск. По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, Папата беше пречекан од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, а со највисоки државнички почести ќе биде пречекан и во претседателската палата на Водно. Папата ќе има средбата со претседателот Иванов, со премиерот Заев, со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор. Пред доаѓањето на Папата, премиерот Заев ја истакна симболиката од посетата на духовникот кој е инспирација на милиони верници и граѓани со добра волја.
„Папата Франциск избра да ја посети Католичката Црква и народот во Македонија, и на овој начин да ја покаже неговата лична блискост, како и силните симпатии на Ватикан кон нашата земја, каде што секоја година одржуваме заеднички свечености во чест на Светите браќа Кирил и Методиј. Неговото доаѓање во родниот град на Света Мајка Тереза, која стана моралната совест на светот, во себе носи посебна симболика и порака за помирување и солидарност“, изјави премиерот.
Јубилеј во дипломатските односи со Ватикан
Честа што и е оддадена на Македонија, има и друга симболика – посетата се реализира во годината кога таа одбележува 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Ватикан, и претставува потврда на пријателските односи и соработката заснована на значајни историски врски и споделени духовни вредности.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.