Иванов во своето обраќање истакна дека граѓаните го отфрлија на референдумот Преспанскиот договор, но народни избраници решија да одат против волјата на народот

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 10:03

Иванов: Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги презира страшливите и поткупливите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме итегрално обраќањето на пратседателот Иванов:

Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел.

Пред точно 125 години неколкумина храбри Македонци го формираа Македонскиот револуционерен комитет кој на народот му даде надеж дека со свои сопствени сили може да биде свој на своето. Неброени македонски патриоти ги положија своите животи за остварување на овој идеал.
 
Денес, нивниот сон за слободна и независна Македонија е реалност. Но, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Затоа, обврска на нашата генерација е да не дозволиме нашата слободна и независна држава Република Македонија да биде обезличена.
 
Во речиси сите одлучувачки моменти од нашата историја, народот носел мудра одлука. Така беше и овој пат. На референдумот одржан на 30 септември народот со негласање јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. На референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено го отфрли Договорот од Преспа. Собранието на Република Македонија тоа мораше да го земе предвид, но мнозинството народни избраници постапија спротивно на волјата на народот.
 
Потребна е храброст за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување и зачувување на суверенитетот и независноста на државата. Храброст што им овозможи на македонските револуционери и борци да го остварат својот сон.
 
Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги презира страшливите и поткупливите. Без почит кон минатото, без свој идентитет и самосвест ниту има просперитетна сегашност, ниту ќе има подобра иднина. Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука, во Република Македонија.
 
Затоа, да не ја губиме надежта и љубовта кон Република Македонија, бидејќи само како суверена и независна држава таа ќе биде заштитник на нашата слобода и нашето човечко достоинство.
 
Нека ни е за многу години Денот на македонската револуционерна борба.

Да живее Република Македонија!

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...