На социјалните мрежи Иванов се заблагодари на македонските граѓани за довербата и поддршката во изминативе десет години.

Објавил: Сара Фемина | 12 мај, 2019 13:40

ИВАНОВ СО ПОРАКА ЗА ЗБОГУМ: Со задоволство и одговорност им служев на граѓаните на Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска официјално му заврши десет годишниот мандат на претседателот Ѓорге Иванов.

Денеска на пладне Стево Пендаровски постана петтиот претседател на Република Македонија, а Ѓорге Иванов ја заврши успешната претседателската кариера после десет години. 

На социјалните мрежи Иванов се заблагодари на македонските граѓани за довербата и поддршката во изминативе десет години.

Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години.

Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.

Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија.

Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!

Семејство Иванови.

Ѓорге Иванов е македонски политичар, и поранешен претседател избран на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители.

Пановски: Ситуацијата со коронавирусот излезе од контрола

Треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја...

Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.

Д-р Андон Чибишев: Од слоганот ,,Слушај го Венко,, и аплаузите немало никаков резултат!

Во последните десетина дена Македонија е во епидемиолошка агонија, бројот на новозаразени...

Во сабота православните верници го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, министерот денеска посочи дека можно е воведување на полициски час но тоа ќе се одлучи во следните неколку дена .

Полициски час или карантин за време на продолжениот викенд?

Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство...