По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган.

Објавил: Владо Марин | 24 мај, 2020 11:26

ИВАН СЕ ЧУСТВУВА ДОБРО: Прва фотографија после трансплатацијата на срцето- Филипче во посета (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чувствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива, напиша предмалку на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче!

По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган.

Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите.
Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подигне свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации, напиша Филипче!

*фотографијата е објавена со согласност!

 -Се ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните се нижеа еден по друг за многу кратко време, но полека се совземаме и ги средуваме мислите. Песимизмот дека мојот татко Иван ќе добие срце, дека ќе добие шанса за живот, денес веќе е зад нас – за „Фокус” раскажуваше Васил Огњановски, син на Иван (54), првиот пациент во земјава кој по пат на трансплантација од починат донор доби срце.

Комплицираната операција се случуваше синоќа, цели шест часа, кои семејството на Иван од Скопје ги поминало во грч и неизвесност.
Кога минатата ноќ во телефонски разговор од клиниката ги известиле дека се е во ред, дека новото срце на Иван започнало да чука, заплакале од среќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен...

Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле, вели екс министерот за Здравство Венко Филипче!

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп....