Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјави Иван.

Објавил: Стојче Бушин | 10 август, 2020 12:58

ИВАН СО СРЦЕТО НА ДИНЕВА СИ ЗАМИНА ДОМА: Повторно ќе го живеам животот со полни гради!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден. 

„Одлично се чувствувам. Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија.

Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјави Иван.

СЕМЕЈСТВАТА ДИНЕВИ И ОГЊАНОВСКИ СЕ СПЛОТИЈА ПРЕКУ СРЦЕТО  НА ДИНЕВА!

Неодамна на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, по 6 часа операција, беше направена првата трансплантација на срце од починат донор.

 Иван го доби срцето на 43-годишната Емилија Динева од Стар Дојран која настрада во сообраќајка.

Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Девет починати и 143 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на...