Џамбазов ја објави фотографијата денеска, а она што предизвика поголем сомнеж е тоа што актерката Весна Петрушевска која всушност е и многу блиска со Џамбазов, под фотографијата напиша дека кумата ( мислејќи на неа ) наскоро доаѓа да им се придружи во Дојран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2020 17:14

ИГОР ЏАМБАЗОВ ПОВТОРНО ЗАЉУБЕН: Ова девојката која му го освои срцето!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македоснки актер, шоумен, пејач, водител, Игор Џамбазов, по долго време реши да ја открие својата нова љубов. Веќе подолго време на социјалните мрежи се зборува за нивната наводна љубовна врска, а таквите сомнежи се создадоа од објавите на Џамбазов на социјалните мрежи.

„Ние младите денес празнуваме“, напиша актерот под сликата направена во селото Сретеново, Стар Дојран.

Имено тој викендов постави фотографија на социлајната мрежа „Инстаграм“ а многумина од фановите гледаат љубов на неа.

Џамбазов ја објави фотографијата денеска, а она што предизвика поголем сомнеж е тоа што актерката Весна Петрушевска која всушност е и многу блиска со Џамбазов, под фотографијата напиша дека кумата ( мислејќи на неа ) наскоро доаѓа да им се придружи во Дојран.

Дали овој коментар на Весна значи дека Илина и Џамбазов планираат да ја крунисаат љубовта со брак останува да видиме. 

Инаку Илина Арсова е ликовна уметница, скијачка и планинарка.

Родена на 31.07.1982 во Скопје, Р. Македонија. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, а во 2005 дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски. Во 2005 станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а преку уметноста подолго време ги претставува загадувачките навики и човековите интервенции врз природата, обидувајќи преку визуелен креативен израз да допре и делува врз подигнување на еколошката свест кај народот. Во 2008 година магистрирала на Јазици, бизнис и меѓународна трговија на Универзитетот Св Кирил и Методиј и Универзитетот Орлеан (Франција). Како ликовен уметник реализира над десет самостојни изложби во РМ и странство, а учествува на истакнати групни изложби и биеналиња.

Веста за нивната наводна љубовна врска се уште не е потврдена ниту од Џамбазов, ниту од Илина.

Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува нa планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам). Истата година за првпат се искачува на Монблан (4810 метри), највисок врв во западна Европа, како дел на екипата на црвениот крст за итни интервенции и спасување во планина. Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти.

Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.

Игор Џамбазов пак е добро познат на јавноста, како успешен македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.

Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. Што се однесува до почетоците во глумата, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица. Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па се до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии. Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Имено старлетата беше на тапет и во српските медиуми, поради непочитувањето на мерката за домашно лекување и самоизолација, а наместо тоа таа се шетала во ноќните клубови и при тоа позирајќи за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.

Уапсена старлетата Александра Накова- не го дочекала вториот негативен тест на Ковид-19 и се шетала

Македонската старлета, Александра Накова била уапсена вчера во Гевгелија.Триесет...

Оргии, дрога, проститутки, затворски казни - сето ова и далеку повеќе го обележаа животот и кариерата на овој славен спортист.

ОД ПРЕМНОГУ С*КС НЕМОЖЕЛ ДА ОДИ: Животот на славниот боксер во царство на дрога и проститутки!

На денешен ден во 1966 година, во Њу Јорк роден е легендарниот боксер Мајк Тајсон. Во 1992...