Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.
Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.
– Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, посочи дека новороденчето е сѐ уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка симптоматологија односно грчеви.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.