За порталот Фактор обвинители од СЈО, потврдуваат дека во канцеларијата на Јанева  има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти  но се уште не е познато како тие би биле земени од канцеларијата која според информации на Фактор, моментално е затворена, а СЈО работи формално, односно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески даде наредба обвинителите да одат на работа за да ги чуваат предметите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2019 14:19

Иднината на Катица во рацете на Рускоска- таа ќе одлучува за подароците и парите на Јанева

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Разрешената специјална јавна обвинителка која во моментот се наоѓа во притвор во затворот во Шутка, Катица Јанева како што објави Фактор, наводно во писмото кое го испратила до Специјалното јавно обвинителство, а кое повторно е напишано рачно, според извори на Фактор, освен што ги бара парите до резервниот фонд за да си ги плати тековните трошења поврзани со рочиштата, побарала и да и се дадат сите нејзини лични работи од канцеларијата која во мокментот е затворена.

Катица Јанева испратила писмо од Шутка до СЈО

За порталот Фактор обвинители од СЈО, потврдуваат дека во канцеларијата на Јанева  има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти  но се уште не е познато како тие би биле земени од канцеларијата која според информации на Фактор, моментално е затворена, а СЈО работи формално, односно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески даде наредба обвинителите да одат на работа за да ги чуваат предметите.

Според информациите оттаму, ако Вилма Рускоска, обвинителката која го води случајот „Рекет“ во кој Јанева е осомничена одлучи да и ги даде работите на поранешната обвинителка, тоа ќе се направи по нејзин налог и под надзор.

Инаку како што утринава објавивме, резервниот фонд во СЈО постоел, а обвинителите секој месец издвојувале по 3.000 денари, а останатите вработени по 1.000 денари.

Поранешната шефица Јанева во текот на утрешниот ден пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде исказ како осомничена во „Рекет“.

Инаку вчера емисијата КОД откри покантни детали за специјалните јавни обвинители, кои добивале надоместок поради доверливоста на нивната работа околу прислушувањето на „бомбите“.

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...