Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2019 17:43

49 ГОДИШНА ЖЕНА ИЗБЕГА ОД ПСХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА БАРДОВЦИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Дваесет и двегодишно момче од Крива Паланка пријавил дека од Психијатриската болница Бардовци побегнала неговата мајка В.В.(49)

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Минатиот месец во психијатриската болница Бардовци, при пад по скали, почина 58 годишниот Владо Ристески.

Неговиот брат Слободан добил повик дека Владо е тешко повреден и со Брза помош пренесен во Градската општа болница 8ми септември, но се сомневаше дека некој го турнал по скалите. Тој бил ставен на апарати за дишење, а по неколку дена на 24. април починал.

Од психијатриската болница Бардовци тврдеа дека Ристевски не бил нападнат, туку паднал сам по скалите и дека се превземени сите мерки.
Без обдукција семејството на починатиот имаше основа за сомнеж, па затоа смртта на Владо ја пријавиле и во полиција.

Бардовци се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид од левата страна на реката Лепенец. Од центарот на Скопје е оддалечено 11 километри (во северо – источен правец).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести