Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

Објавил: Валерија Петрова | 12 септември, 2019 16:49

Избодено дете во ЈСП – лекарите се борат за неговиот живот, и маж во бесознание итно пренесен во болница

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Крвав инцидент во градскиот превоз во Скопје. Според информаците на МВР, три лица се хоспитализирани од кои едно сѐ уште е во животна опасност по насилната пресметка што вчера околу пладне се случи во автобус на ЈСП, број 56, помеѓу две групи малолетници.

Тешко повредениот е малолетно момче, на возраст од 16 години, кое има повреди од остар предмет и се наоѓа на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Нова крвава драма во градскиот јавен превоз во Скопје

Ова не е прв инцидент во градксиот превоз во Скопје, полицијата речиси секој втор ден регистриа неколу немили настани во автобусите на ЈСП.

Уште една несреќа на скопските улици, маж итно пренесен на скопските клиники откако бил пронајден како лежи во бесосзнание на коловозната лента.

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

-Вчера во 05.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, под надвозникот „Маџари“, на коловозната лента за излез од Скопје, лежело машко лице во бессознание. Лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека станува збор за Д.Ј.(64) од Скопје- соопштуваат од МВР.

На местото не биле пронајдени траги од насилство. Се работи на расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

И покрај контролите на МВР – скопските улици се уште се како фронт во кој страдаат возачите

Македонската полиција со полни раце работа, секој ден билтенот на МВР е полн со инциденти...

За време на мечот настанал инцидент, причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што фанови влетале во терен.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАРЦА СО ДЕТАЛИ: Апелирам да не се политизира настанот, или да се поврзува со политички процеси

По немилиот настан кој се случи во Охрид со приведени навивачи и играчи од фудбалски...

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската...

– Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 )

Поднесена кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово!

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, секторот за внатрешни работи...