Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Објавил: Весна Петровска | 21 октомври, 2019 18:28

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше и да се почне со пребројување на населението го одложува пописот. Попис пред изборите е невозможен поради технички причини, а кога би се спровел ќе зависи од Владата и Парламентот, вели директорот на статистика.

„Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец“. – вели Апостол Симовски – Директор на Државен Завод за статистика.

Помалите партии бараат една изборна единица – Симовски: Изборите и пописот не може да се одржат во исто време

Дури и терминот во април кога се очекуваше да почне пописот бил неизвесен, поради тоа што законот за попис се уште не е донесен вели првиот човек на статистика. Кому му одговара да нема попис ? – причините се политички колку што може да се види вели Симовски и порачува дека пописот е статистичка а не политичка операција и повика законот да биде донесен што е можно побрзо.

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

– Со 6 се губат огромен број гласови неискористени, затоа што не може да влезер ниедна листа која што нема концентрација на доволен број гласови во една изборна единица се случувало партии со 30 40 000 гласоци да не обезбеди пратеник. Во вакви услови кога се намалувва одзивот во македониај при избори тоа го видовме на последните претседателски избори тоа го видовме на последните претседателски многу важно би било да има една изброна единица каде што поголем бр субјекти самостојно ќе настапат и на тој начин ќе излезат поголем број гласачи и подемократски ќе избираат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач...

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции...