Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со германскиот пратеник Питер Бајер.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, но и за моменталните претседателски и претстојните парламентарни избори.
Инаку, Питер Бајер е пратеникот во Будестагот од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на идеолошките референци.
Во соопштението за медиуми, партијата информираше дека Мицковски го информирал Бајер, за претседателската кампањата, но и дека за два дена ќе почне кампањата за парламентарните избори.
Потенцирал дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова е најсериозен избор за шеф на државата. Во разговорот посочил дека кандидатката, се соочува со низа навреди на нејзина сметка, од страна на членови на партијата на СДСМ.
Тој искажал и загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, додавајќи дека најнов шамар за Владата на СДСМ и ДУИ е токму извештајот на Фридом Хаус, во кој е потенцирано дека Македонија не бележи никаков напредок во борба со корупцијата, како и дека институциите не се во служба на граѓаните.
„Мицкоски искажа загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, додавајќи дека најнов шамар за владата на СДСМ и ДУИ е токму извештајот на ‘Фридом хаус’ во кој е нотирано дека Македонија не бележи никаков напредок во борба со корупцијата, како и дека институциите не се во служба на граѓаните“,рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.
Состојба во која се наоѓа државата, ќе се смени, кога граѓаните на 24 април и 8 мај ќе излезат на гласање, нагласил тој. Мицкоски се заблагодарил на досегашната соработка и поддршка, а изразил и надеж дека истата ќе продолжи во иднина.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.