Кирацовски и Спасовски наговестија нова парламентарно мнозинство едниот во Фокус другиот во Нова Македонија

Објавил: Македонка Димкин | 14 февруари, 2020 11:55

Избори на 12 Април „ЈОК„? Дали разрешувањето на министерката Рашела Мизрахи е најважно за граѓаните?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сите закони што се многу битни за граѓаните прво треба да се донесат во Собранието, пред неговото распуштање, па дури потоа да се оди на избори, истакна премиерот на техничката влада Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на студенстскиот дом „Гоце Делчев“.

Тој не сакаше да даде изјави за евентуално формирање на ново парламентарно мнозинство, бидејќи смета оти законските решенија ќе се усвојат според претходните договори, по што ќе се оди на избори. Спасовски посочи дека може да се зборува ново парламентарно мнозинство во случај на опструкција на решенија.

Александар Кирацовски во изјава за Фокус потврдува дека одржувањето на избори на 12 април е доведено во прашање, исто како и довербата меѓу коалицоните партнери.

Привремениот премиер напомена дека СДСМ има коректни односи со ДУИ, зборувајќи за носење на законските решенија.
Спасовски наведе и дека Собранието треба да одлучува по неговиот предлог за разрешување на техничката министерка за труд, по точка на дневниот ред на седницата закажана за 15 часот. Тој очекува и предлог од ВМРО-ДПМНЕ за нов министер.

»Секако дека одржувањето на изборите е доведено во прашање. Со оглед на актуелните случувања во парламентот каде преку тактизирање и политички игри се избегнува гласањето на битни законски решенија, т.е. Законот за ЈО и Советот на ЈО, Изборниот законик и законот за Одбрана, во прашање е доведена довербата меѓу коалиционите партнери, како и стабилноста на актуелното парламентарно мнозинство. Таква ситуација, на неколку денови пред распуштање на Собранието, ние како одговорни политичари не смееме да си дозволиме.

Имено, граѓаните од нас, пред се, очекуваат испорачување на правда во нашата Македонија, нешто кое е условено од Законот за ЈО. Очекуваат да се изгласа и законот за Одбрана кој претставува инструмент на практичната реализација на договорот за влез во НАТО, што впрочем го изгласавме пред некој ден. Граѓаните, исто така очекуваат разрешување на актуелната министерка Мизрахи, поради Уставно прекршување. Ова се прашања околу кои не смее да има компромис, особено не со политички тактизери кои бараат начин да ги заобиколат истите, вели Кирацовски.

Тој додава дека токму затоа, мошне реално и можеби, доколку овие евидентни проблеми не се надминат, неопходно ќе биде формирање на ново, похомогено, државнички определено парламентарно мнозинство кое ќе формира цврста Влада која ќе биде организатор на редовни парламентарни избори.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На прашањето што Република Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  тој одговори дека нашата држава најпрво би требало да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

Жбогар искрен до болка: Во овој момент не може да влезете во ЕУ!

На денешната прва посета на Пробиштип, евроамбасадорот Самуел Жбогар потсети дека...

Заев посочи дека овој пат имаат новитет односно на изборните листи или како што ги нарекува тој машко-женски листи како еден патент модел, односно 50 отсто мажи и 50 отсто жени

Заев: Сакаме за прв пат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

Поранешниот премиер на државава и претседател на една од најголемите партии во Македонија,...

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Денеска по три години започнува судењето за организаторите на насилствата од 27 април...