Курти порача дека веднаш штом ќе ја преземе функцијата ќе ги разгледа документите и ќе утврди каде екс-премиерот Авдулах Хоти го оставал процесот на дијалог.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 март, 2021 8:13

Избрана косовската влада на чело со премиерот Албин Курти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албин Курти, лидерот на движењето Самоопределување, беше избран вчера за премиер во Косово, со 67 гласа „за“ и 30 гласа „против“. На седницата во собранието присутни беа 107 од 120 пратеници.

Курти порача дека веднаш штом ќе ја преземе функцијата ќе ги разгледа документите и ќе утврди каде екс-премиерот Авдулах Хоти го оставал процесот на дијалог.

Морам да имам увид во тие документи затоа што не знам каде господинот Хоти го оставил процесот на оваа тема. Бидејќи минатиот пат кога влегов во канцеларијата папките беа празни. Треба да се подготвиме добро за дијалог и затоа не сум за да се избрза во овој процес. Подобро е да бидеме поскромни и пореални отколку да кажуваме големи и зборови. Немаме простор за идни неуспеси – рече Курти.

 Новиот состав на Собранието на Косово, кој призлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, го избра вчера, со 69 гласа „за“, 33 „против“ и ниеден „воздржан“, Глаук Коњуфца за нов собраниски спикер!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Поранешниот командант на ОВК во областа Кошаре, Хисен Бериша, вчера изјави дека по Словенија и Австрија, Хрватска нуди кауција за обвинетите во Хаг.

Хрватска нуди кауција за Тачи и другите обвинети во Хаг!?

Хрватската државна службеничка Ермина Љекај Прљаскај изјави дека Хрватска го поддржува...

Во писмото, како и во телефонскиот разговор во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев на својот косовски колега му посака успех во извршувањето на одговорната функција и го изрази задоволството од пријателските односи меѓу Северна Македонија и Косово.

Заев со честитка до Курти: Нашата соработка продолжува со несмален интензитет во сите области од взаемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки...

Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за низа злосторства, од заплашување на сведоци до убиства и сурово постапување со луѓе.

ЗАБРАНЕТИ ПОСЕТИ ВО ХАГ: Тачи може да разговара со членовите на семејството само преку видео врска!

Поранешните политички и воени лидери на ОВК во притвор на Специјалниот суд во Хаг можат...