„Се согласуваме дека истите би требало да продолжат да си ги завршат оние предмети кои ги почнале.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 март, 2022 18:10

Избрани обвинители за гонење организиран криминал и корупција

Фото/Текст извор: ©сител

Нема промени во тимот кој гони криминал и корупција. Советот на јавни обвинители ги реизбра обвинителите чиј мандат заврши во јануари.

Највисока оценка имаше обвинителката Ивана Трајчева, зад неа со еден поен помалку се Ѓоргева и Леши, а останатите, местото во обвинителството го задржаа со 18 поени. Според Советот, сите обвинители имале предмети кои треба да ги завршат, државата инвестирала во нивна едукација, па затоа требало да останат во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Се согласуваме дека истите би требало да продолжат да си ги завршат оние предмети кои ги почнале. Четирите кандидатки се со еден мандат, што значи е краток период за да го дозавршат она што го почнале. Затоа е добро да имаат и втор мандат за да си го дозавршат. Јас не случајно спомнав дека треба и да има нови, млади сили понатаму, бидејќи ако било интенцијата на законодавецот да тоа обвинителство биде со исти луѓе, ќе го предвидел и во самиот закон“, вели Антонио Јолевкски, Претседател на Совет на јавни обвинители.

Според Јолевски, советот корегирал оценки за четворица кандидати бидејќи за нив Русковска не објаснила зошто иако четворица од кандидатите.

Изборот на обвинители го следеа  јавни препукувања меѓу Советот и Русковска која се пожали дека била оставена да работи со помалку обвинители. Таа за четворица од нејзниот тим немала објаснување зошто им дала пониски оцени, па Советот имал обврска да ги поправи.

„Немаше обрзаложение зошто се крати на углед и етичност кога нема постапка. Правилникот вели, ако нема постапка, се доделуваат, треба да се доделат и должни се да ги доделат тие бодови. Зошто ги скрати не знам. Ние моравме да ги вратиме заради тоа што нема постапка“, вели Јолевски.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со реизборот на обвинителите, државата останува на дното во борбата против криминалот и корупцијата.

„Истите обвинители кои до сега не гонеа и штитеа организиран криминал, ќе треба да гонат криминал. Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења“.

Со реизборот и во иднина предметите како „Меѓународен сојуз“ и „Рашковски“, остануваат во рацете на истите обвинителите. Според советот, смената на обвинители ќе ги успореле овие судења.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...