За следните пет години беа избрани уште шест членови на Постојаниот одбор на Политбирото на КП, меѓу кои се најде и идниот премиер Ли Чијанг.

Објавил: admin@magazin | 23 октомври, 2022 11:57

Избрано е новото раководство на Комунистичката партија на Кина

Фото/Текст извор: ©mkd

На кинескиот претседател Си Џинпинг денеска официјално му беше доверен третиот мандат како генерален секретар на Комунистичката партија.

За следните пет години беа избрани уште шест членови на Постојаниот одбор на Политбирото на КП, меѓу кои се најде и идниот премиер Ли Чијанг.

Си Џинпинг денеска, по првиот состанок на новиот Централен одбор на КП, се појави пред медиумите предводејќи ги новите членови на Постојаниот одбор на Политбирото, што значи дека го добил третиот петгодишен мандат како генерален секретар на партијата, јавува Би-би-си.

„Полни со самодоверба, тргнуваме на патот да ја направиме Кина уште помодерна социјалистичка земја во сите погледи. Сакаме да ја освежиме кинеската нација на сите фронтови и да се впуштиме во уште поголема модернизација. Кина мора да остане на висока готовност како студент на испит кој никогаш нема да заврши“, изјави Си. Тој посочи дека Кина била и ќе остане многу важна за напредокот на целиот свет и дека нема да отстапи од нејзините принципи, а тоа се брзиот економски раст и долгорочната стабилност. Како што рече Си, партијата ќе стане непобедлива само ако си дозволи да се промени. Тој рече дека Кина не може да се развива без светот и дека и на светот му е потребна Кина.

Си Џинпинг го заврши својот говор со покана до странските новинари да ја посетат Кина. Заедно со Си и Ли Чијанг, за членови на Постојаниот одбор беа избрани и Жао Леџи, Ванг Хунинг, Чаи Чи, Ли Си, Динг Сусијанг. Постојаниот одбор е најмоќното политичко тело во Кина, одговорно за донесување на најважните одлуки во земјата која во последните години стана втора економија по големина во светот, наведува Си-ен-ен.

Членовите на Постојаниот одбор се избираат со гласовите на 205 членови на ЦК, тоа гласање се смета за формалност, бидејќи одлуките за седумчлениот состав се носат со месеци однапред, на состаноците на водечките партиски функционери зад затворени вратите. Централниот комитет денеска избра и 24 членови на Политбирото, вклучително и седум членови на Постојаниот одбор.

Според Би-би-си, по 72-годишната вицепремиерка Сун Чунлан, која беше единствената жена во претходното Политбиро и сега заминува во пензија, во новото Политбиро нема жена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.