Изјавата дека во Грција сега ќе може да се изучува Македонскиот јазик го алармираше и медијаторот Метју Нимиц, кој интервенирал изјавата веднаш да биде повлечена

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 11:51

Извинувањето за “Македонскиот јазик” изнудено од Нимиц, не е доволно за Грција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на главната грчка опозициска партија, Неа демократиа, вчера ги повика грчките политички партии да го блокираат договорот за промена на името неодамна постигнат помеѓу Атина и Скопје по речиси триесетгодишен спор.

Според Мицотакис договорот не само што е штетен туку од Скопје веќе има сигнали за провокации.

Неа Демократиа ќе гласа против Преспанскиот договор и ги повикува сите партии да го сторат истото при ратификацијата во грчкиот парламент. – рече Киријакос Мицотакис.

Мицотакис додаде дека постои само еден начин да се ограничи „националната штета“ наводно предизвикана од договорот.

Ова е разумното барање на огромното мнозинство грчки граѓани. – додаде Мицотакис.

Тој ова го кажа откако македонскиот премиер Зоран Заев во парламентот рече дека Преспанскиот договор ќе овозможи македонскиот јазик да се изучува во Грција.

Мицотакис реагираше жестоко, велејќи дека изјавата на Заев е „неприфатлива“.

Изјавата најјасно го потврдува она што Неа Демократиа го кажува уште од првиот момент. Признавањето на таканаречениот македонски јазик ја отвора Пандорината кутија за оживување на сите историски неосновани тврдења на Скопје. -рече овој политичар од десниот центар.

Стравувајќи дека ќе се попречи процесот, Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН за спорот за името, интервенираше и го повика Скопје да се придржува до договорот.

Неколку часа подоцна, македонската влада рече дека изјавите на Заев биле погрешно протолкувани и објасни дека нема намера да се меша во домашните прашања на Грција, како што се јазичното образование

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија едвај извлекол жива глава и тоа во два наврати за 12 часа. Прво во Сомалија, во Могадиши шреживеал терористички напад на екстремистичката група Ал Шабаб, за по неколку часа подоцна, на патпт за Србија, дошло до дефект на авионот поради што мроале принудно да слетаат во Атина.

Дачиќ има 10 животи: Едвај извлече жива глава во крвавиот напад, а по неколку часа драма во авион

Ивица Дачиќ за 12 часа прежиевал терористички напад во Сомалија, во кој загинаа шест...

Имено, Весна неколку пати бегала од насилниот сопруг во сигурна куќа. Подоцна се развеле, а тој замина, по што Весна останала сама со децата.

Мајка и нејзините ќерки близначки пронајдени мртви – полицијата сведоци на ужасна глетка

Пронајдени мртви три тела во стан во Виена. Како што пишуваат тамошните медиуми, во...

„Ќерко, време е да ја дознаеш вистината, не те посвоив, туку те купив. Прости ми и најди ги вистинските родители и сестра ти, изјавил на смртна постела еден жител на Ниш.

Ќерко, не те посвоив, те купив за 30.000 марки – шокантна исповед на татко од смртна постела!

Средовечен маж од Ниш шокираше со својата приказна која ја чувал цел живот, но пред...