Од економски аспект, извозот на цвет од канабис за медицински цели значи и нови инвестиции, развој и стимулира отворање нови високоплатени работни места.

Објавил: Сара Фемина | 13 јуни, 2021 10:34

Извозот на сув цвет од канабис од Македонија, станува реалност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност.

Упатувам честитки за првата македонска компанија – НЈСК Холдинг, која вложува во најсовремени стандарди за ваков вид фармацевтско производство и која доби лиценца за извоз на европските пазари, изјави премиерот Зоран Заев!

Владата и надлежните институции, Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства даваат поддршка, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи.

Имаме намера да основаме неколку фондови од дополнителните даноци што оваа индустрија ќе ги плаќа кон државата и со тоа кон граѓаните како резултат на профитот од извозот на цветот од медицински канабис. Од нивните давачки кон државата ќе ги поддржиме лекувањата на лицата со ретки болести, ќе основаме медиумски фонд за продукција на домашни содржини, како и проекти од областа на културата, спортот и проекти на граѓанскиот сектор, но и работата на Агенцијата за канабис.

Оваа можност ќе ја обезбедиме низ строга регулатива исклучиво согласно ЕУ стандарди и правила.

Од економски аспект, извозот на цвет од канабис за медицински цели значи и нови инвестиции, развој и стимулира отворање нови високоплатени работни места.

Да бидеме пред останатите во регионот, да ги следиме современите текови и економските преструктуирања, бидејќи одредени индустрии, може и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да помогнат.

Во таа смисла, ја поздравувам и поддржувам и работата на работната група за декриминализација на канабисот координирана од Владата и верувам дека низ инклузивен процес ќе се дефинираат најдобрите решенија за користење на медицинските и економските бенефити од билката канабис, рече премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува.

На клиниката за неврохирургија успешно вграден стимулатор на нервот вагус

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за неврохирургија,...

Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ – ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ НА ТЕРЕН

Почнувајќи од понеделник (12 јули), вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување...

„Во моментов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Респираторна инфекција кај 50 деца и бебиња од Гевгелија, лекарски тим од Скопје дополнително ќе ја испитува состојбата

Во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста,...

Пациентот е во добра општа состојба, нема температура, на почеток имал само кашлица, и не покажал други симптоми на вирусот. Поради контакт со него, изолација и е одредена на неговата сопруга.

Велешанецот со индиски сој на Ковид-19 имал контакт само со сопругата

Велешанецот на возраст од 43 години, позитивен на Ковид-19, а кај кого е докажан делта...